Sarah Mace и Eye Cue снимија заедничка песна

Sarah Mace и Eye Cue снимија заедничка песна

Sarah Mace и Eye Cue снимија заедничка песна, а воедно и уникатен видео спот за истата.

Песната се вика „Трепет“, за како што велат тие, да влезат со трепет во есента. Идејата да се направи соработка за неа потекнала од Бојан, а премиерно е отсвирена од Сара и Eye Cue на Skopje Unplugged 2020.

Музиката и текстот на песната се на Сара, со заеднички аранжман на Бојан и Сара, а е снимана во „Подрумот“. Видео спотот го направи Кристијан Шемко, а е сниман на локации од убавините од село Бојанчиште.

Во продолжение слушнете ја: