Сара Џесика Паркер е повредена и тажна од изјавата на Ким Катрал!

Сара Џесика Паркер е повредена и тажна од изјавата на Ким Катрал!

Продолжението на “Сексот и Градот” е актуелна тема овие денови, како и Ким Катрал која даде една необична изјава и ја повреди Сара Џесика Паркер кога рече дека тие две никогаш не биле пријателки додека ја снимале популарната серија.

“Ние две никогаш не бевме пријателки. Бевме само колешки, на некој начин тоа е најздравиот однос, бидјеќи имаш една јасна граница помеѓу професионалниот живот и приватниот”, изјави Ким Катрал или Саманта Џоунс.

После ваквата изјава, медиумите се обидуваа да ја контактираат Сара Џесика Паркер за да ја искоментира оваа изјава.

“Срцето ми е скршено. Размислувам на тоа цела недела. Тоа навистина ме вознемири, бидејќи тоа не е односот на кој јас се сеќавам. Тоа беше професионално искуство, но со тек на време стана и лично, бидејќи траеше со години”, рече Сара и искрено кажа дека е многу повредена.