Самсунг со нов изум, паметни маици кои ќе го следат здравјето на корисникот

Самсунг со нов изум, паметни маици кои ќе го следат здравјето на корисникот

Кон крајот на јануари Светската организација за интелектуална сопственост го одобри патентот на јужнокорејски Самсунг за изработка на паметна маица чија што цел ќе биде откривање на здравствени потешкотии кај корисникот.

Паметната маица би била опремена со бројни сензори кои што во секој момент ќе ја следат здравствената состојба на корисникот.

Сензорите ќе бидат наменети за контрола на градниот кош и белите дробови, ќе можат да следат астма, респираторни инфекции и други болести на белите дробови.

Паметната маица на Самсунг ќе биде поврзана со паметен телефон преку одреден софтвер кој после дијагностиката, ќе понуди и одредени активности кои што ќе треба да бидат превземени за решавањето на потешкотиите на респираторниот систем.

Засега не е познато дали Самсунг навистина ќе започне со развој и производство на овој патент, но доколку ова стане реалност, тогаш сигурно е дека ќе биде олеснет животот на лицата кои што имаат потешкотии кога станува збор за белите дробови.