Samsung на пазарот ќе пласира паметен телефон без опција за интернет

Samsung на пазарот ќе пласира паметен телефон без опција за интернет

Компанијата Samsung произведе паметен телефон за корисници кои не сакаат да користат интернет.

Galaxy J2 Pro има слични спецификации и дизајн како и останатите висококвалитетни паметни телефони на Samsung, но разликата е во тоа што тој не може да користи неколку апликации ниту да се конектира на интернет мрежа.

Во соопштението кое го издало компанијата стои дека J2 Pro е наменет да им помогне на студентите да останат фокусирани на учењето наместо постојано да проверуваат пораки и содржини на Снепчет, Фејсбук и други апликации.

Samsung нуди и попуст за купувачи од 18 до 21 година за уредот чија редовна цена е 186 долари. Паметниот телефон доаѓа во црна и златна боја, има AMOLED екран до 5 инчи, 1,5 GB RAM и простор за микро SD картичка. Тука е и предната камера од 5 мегапиксели и задна камера од 8 мегапиксели.

На телефонот се наоѓаат сите апликации кои не бараат поврзување на интернет за да функционираат. Овој уред е наменет и за помали деца чии родители сакаат да имаат контрола врз нивната употреба.

Сè уште не е познато дали J2 Pro ќе биде достапен надвор од Јужна Кореја.