Самсунг ќе претстави три Galaxy S10 модели

Самсунг ќе претстави три Galaxy S10 модели

Следната година Самсунг ќе ја претстави јубилејната 10-та генерација на своите паметни телефони од Galaxy S серијата.

Благодарение на луѓето кои што имаат одлични извори во мобилната индустрија, во пресрет на претставувањето на најпопуларните модели на пазарот испливуваат информации кои што во најголем дел се точни.

Самсунг во февруари идната година ќе ја претстави јубилејната 10-та генерација на Galaxy S серијата, а речиси сигурно е дека јужнокорејците ќе претстават три телефони од оваа серија.

Главната карактеристика на сите три модели ќе биде дупката во екранот каде што би требало да биде сместена камерата – Самсунг веќе претстави еден ваков телефон (Galaxy A8s) и се чини дека таквиот начин на сместување на предната камера ќе стане тренд кој делумно ќе го замени непопуларниот “notch”.

Најмоќниот од трите Galaxy S10 модели ќе биде моделот Plus кој би требало да има екран со дијагонала од 6,4 инчи, а неговата цена на британскиот пазар би требало да изнесува 899 фунти за основниот модел со 128 GB интерна меморија.

Класичниот модел ќе има екран со големина од 6,1-инчи и почетна цена од 799 фунти, додека најповолен модел ќе биде моделот со најмал екран од 5,8-инчи кој ќе биде единствениот кој нема да биде закривен и ќе се продава по почетна цена од 669 фунти.

На задната страна се очекува да бидат поставени три камери – класична, широкоаголна и телефото камера, но резолуцијата на камерите засега не е позната. Од останатите опции се споменува и сензор за отппечатоци на прсти имплементиран во самиот екран, потоа Powershare, односно можност за бежично полнење на други паметни телефони и 3,5 мм влез за слушалки.