Самсунг има пад на продажбата

Самсунг има пад на продажбата

Самсунг во третиот квартал годинава забележа пад на продажбата на паметни телефони за 13,3 отсто во споредба со истиот период минатата година, додека пак Хјуавеи значителен раст од над 30 отсто, покажува извештајот на аналитичката фирма Strategy Analytics.

Самсунг во третиот квартал испорачал 72,3 милиони телефони, што е 13,3% помалку во однос на истиот период минатата година, кога се испорачани 83,4 милиони телефони.

Хјуавеи нема такви проблеми, бидејќи во текот на третиот квартал испорачал 51,8 милиони уреди, што претставува зголемување за 32,5% во споредба со минатата година.

Ејпл има благо зголемување на бројот на продадени телефони, и во третиот квартал се испорачани 46,9 милиони уреди, што е 0,4% повеќе од минатата година.