Samsung го претстави својот нов таблет Galaxy Tab S4

Samsung го претстави својот нов таблет Galaxy Tab S4

Само една седмица во пресрет на претставувањето на долгоочекуваниот Galaxy Note 9, јужнокорејскиот гигант го претстави новиот таблет Galaxy Tab S4 со кој што ќе го нападне новиот iPad на Apple.

Galaxy Tab S4 има 10,5-инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција од 2560х1600, рамката на таблетот е многу потенка во однос на неговиот претходник, што значи дека новиот таблет пристигнува без Home копчето.

Скенирањето на ирисот на окото и лицето се достапни како опција за потврда на идентитетот покрај вообичаената лозинка.

Новиот таблет на Samsung е достапен во верзија од 64 GB интерна меморија за 650 долари, како и во верзија со интерна меморија од 256 GB кој ќе се продава по цена од 750 долари.

S Pen пенкалото доаѓа заедно со таблетот кој може да се пофали со четири звучници, баш како и iPad Pro на Apple. Од Samsung велат дека батеријата на нивниот нов уред овозможува работа од 16 часа.

Galaxy Tab S4 „под хаубата“ има процесор Snapdragon 845, а овој уред исто така располага со солидни 6 GB RAM меморија.

Испораката на новиот Galaxy Tab S4 на Samsung започнува на 10-ти август, а таблетот ќе биде достапен во бела или црна боја. Инаку, таблетот е достапен за нарачка веќе од денес.