Самсунг ги претстави новите Notebook 3 и Notebook 5

Самсунг ги претстави новите Notebook 3 и Notebook 5

Гигантот Самсунг својата понуда на лаптопи ја збогати со Notebook 3 и Notebook 5 кои што се поевтини алтернативи на веќе постоечките Notebook 7 Spin и Notebook 9.

Цените засега не се познати, но од Самсунг тврдат дека истите ќе бидат пониски, односно новите лаптопи ќе пристигнат со нова и попристапна цена.

Неодамна Самсунг го претстави Notebook 9 кој што чини 1,999 долари, како и 2 во 1 уредот наречен Notebook 7 Spin кој што ќе се појави во продажба нешто подоцна во текот на оваа година, па јасно е дека јужнокорејската компанија ќе ги намали цените со новите Notebook 3 и Notebook 5.

„Тројката“ ќе биде понуден во 14 и 15-инчна верзија, додека пак „петката“ ќе биде достапен само со екран со големина од 15 инчи. И двата лаптопи ќе ја користат осмата генерација на Intel Core i7 процесорот, додека пак Notebook 3 ќе има нешто послаба графичка картичка – Nvidia MX110 во однос на MX150 на Notebook 5. Двата лаптопи ќе пристигнат со RAM меморија од солидни 16 GB.

Димензиите на Notebook 5 се 377.4×248,6×19,9 мм, а Notebook 3 пристигнува со димензии од 336×232,9×19,8 мм за помалиот, односно 377,4×248,6×19,6 мм за моделот со поголем екран.

Кога станува збор за надворешноста, можеби најголемата разлика е во тоа што Notebook 5 ќе има куќиште изработено од метал, додека пак Notebook 3 ќе пристигне со пластично куќиште.

Што се однесува до меморијата, на располагање ќе биде 1 TB (SSD+HDD). Уредите ќе користат оперативен систем Windows 10, а поседуваат и USB A, USB C и Mini HDMI портови.

Двата лаптопи најпрвин во продажба ќе бидат пуштени во Јужна Кореја во текот на овој месец, а подоцна ќе се појават и на глобалниот пазар.