Samsung – Екрани насекаде, екрани за сите

Samsung – Екрани насекаде, екрани за сите

Samsung ја претстави новата серија на MicroLED, Neo QLED и Lifestyle телевизори, како и монитори и звучни уреди за 2021 година, на вчерашниот виртуелен Unbox & Discover настан.  Во текот на изминатата година, технологиите што некогаш беа во опсегот на она што би било „убаво да се има“ станаа неопходни затоа што нашите домови преку ноќ се претворија во канцеларии, училишта, теретани“, рече James Fishler, повисок потпретседател на одделот за домашна забава, на компанијата Samsung Electronics America. Најновите Samsung иновации им овозможуваат на корисниците да добијат уште повеќе од своите аудиовизуелни уреди – давајќи им можности за поефикасно работење, за поквалитетно комуницирање и истражување на личните интереси и желби. „Вработените во компанијата Samsung постојано работат на подобрување на секојдневниот живот на корисниците.

„Улогата на телевизорите во нашите животи стана позначајна, а во 2021 година Samsung продолжува да ја редефинира во согласност со потребите и желбите на корисниците“, додаде Fishler.

Благодарение на иновативниот пристап и постојаните подобрувања, компанијата Samsung се позиционираше како водечки производител на телевизиски технологии 15 години по ред, а ќе продолжи да ги надминува границите во понудата на визуелни искуства во 2021 година. MicroLED технологијата пристигнува во домовите на корисниците Со супериорна светлина, длабоки црни тонови и квалитет на слика што го одзема здивот, MicroLED технологијата нуди искуство кое остава исклучителен впечаток на корисниците, додека неорганските LED сијалички спречуваат квалитетот на сликата да се влоши во текот на животниот век на уредот. Samsung во 2018 година го претстави MicroLED телевизорот во форма на The Wall уредот, кој се состоеше од систем на прилагодливи панели, со вкупна големина од 292 инчи.