Само Викторија Бекам го прекрши препорачан дрес код На свадбата на Рамос

Само Викторија Бекам го прекрши препорачан дрес код На свадбата на Рамос

На свадбата на Серхио Рамос и Пилар Рубио, кои стапија во брак во неделата, за гостите бил предвиден дрес код. Им било „препорачано” да избегнуваат фустани и костуми со црвена, портокалова, зелена, бела и розова боја.

Викторија Бекам, сепак, одлучи малку да го прекрши правилото, носејќи розови потпетици и бел фустан.

На свадбената прослава, покрај семејството Бекам, присуствуваа бројни славни гости и фудбалски ѕвезди, меѓу кои и Зинедин Зидан, Лука Модриќ и Роберто Карлос. Впечатливо беше отсуството на Кристијано Роналдо, со кого Рамос игра девет години.