Само со една состојка добиватe здрава, цврста и долга коса, која е таа?

Само со една состојка добиватe здрава, цврста и долга коса, која е таа?

Многу трикови за убавина се добиваат со состојки кои се користат првенствено во кујната.

Тоа не е никаква новост, земајќи го превид фактот дека циметот, куркумата и разните други намирници се користат уште од дамнешни времиња за истакнување на убавината кај жените.

Но, древниот трик кој го користат Јапонките за брз раст на косата е многу поедноставен и поевтин од сите за кои досега сме слушнале, а намирницата која ја употребуваат тие сигурно се наоѓа во секоја кујна. Станува збор за обичен ориз, а постапката дознајте ја во продолжение.

Сварете го оризот во вода и процедете. Откако ќе ја измиете косата со шампон, нанесете ја оризовата вода на темето и по должината на косата и масирајте. Потоа, оставете да делува 10 минути и исплакнете со млака вода. Резултатот сигурно ќе ве воодушеви бидејќи косата веќе по првиот пат ќе биде сјајна и мека, а по некое време ќе забележите дека таа многу побрзо расте.

Постапката повторете ја секој пат кога варите ориз бидејќи оваа техника не може да ѝ наштети на вашата коса.