Кога се зборува за најдобриот играч во Европа оваа сезона, не може да се заобиколи Мохамед Салах.
Не само што е феноменален напаѓач и собори еден куп рекорди на Ливерпул, туку пишува и историја во Премиер лигата. Египетскиот голгетер е прогласен за играч на месецот во англиското првенство што е уште една награда за неговата форма.
Меѓу другото, тоа е рекорд бидејќи ниеден фудбалер досега не успеал три пати во една сезона да биде прогласен за играч на месецот.