Салах е спремен да ја жртвува ЛШ за титула во премиер лигата

Салах е спремен да ја жртвува ЛШ за титула во премиер лигата

Најдобриот стрелец на Ливерпул, Мохамед Салах призна дека е готов да ја жртвува титулата во Лигата на шампионите за трофеј во англиското првенство.

Црвените имаа седум бода предност пред Манчестер Сити, а сега заостануваат еден бод. Им преостанува и реваншот против Баерн во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Ако треба да сум искрен, за мене Лигата на шампионите е најпрестижно натпреварување. Но, целиот град, односно оној дел кој ни припаѓа нам, сака да ја освоиме титулата во првенството. Најубаво би било да ги освоиме двата пехара, но ако морам да бирам, би се одлучил за Премиер лигата – изјави Салах.

Ливерпул веќе се откажа од двата домашни Купа, а оваа негова изјава многумина ја гледаат како најава за откажување на тимот од Лигата на шампионите.