Рускиот репрезентативец со интересна изјава

Рускиот репрезентативец со интересна изјава

Светското првенство во Русија почнува во четврток со натпреварот помеѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија, а покрај овие две репрезентации, во групата А се наоѓаат и Уругвај и Египет.

Дефанзивецот на руската репрезентација Иља Купетов порача дека не се плаши од Мохамед Салах и Луис Суарез.

Купетов за руските медиуми порача дека руската репрезентација не се плаши од дуелот со Египет затоа што Рамос на сите им покажал како се сопира Салах, а исто така тој му испрати и порака на напаѓачот на Уругвај, Луис Суарез.

Дали Салах ме загрижува и како ќе го сопреме? Па, не сум загрижен, а Серхио Рамос покажа пример како може да биде сопрен. Не велам дека тоа е во ред и му посакувам да заигра на Мундијалот, но ако дојде до тоа, има начини за да го сопреме. Луис Суарез? Зошто да се плашам од него? Ако има потреба, знам и јас да гризам – порача Купетов.