Русија со убедлива победа

Русија со убедлива победа

Русија е третата која обезбеди пласман во полуфиналето на Европското кошаркарско првенство.

Во првиот денешен натпревар од четвртфиналето Русија ја победи селекцијата на Грција со 74-69.

Најефикасен во победничката репрезентација беше Алексеј Швед кој постигна 26, додека Тимофеј Мозгов средбата ја заврши со 17 поени.

Кој ќе биде противник на Русија во полуфиналето закажано за в петок ќе се знае вечерва по одигрувањето на последниот четвртфинален меч меѓу Србија и Италија.