Руби, четврти вид на чоколада!

Руби, четврти вид на чоколада!

За сите обожувачи на благо доаѓа убава вест, а тоа е дека имаме нова чоколада во светот и ова е првиот сосема нов вид на чоколада, откако белото чоколадо беше последно претставено пред светот пред 80 години.

Како што може да видите од фотографиите и видеото во оваа статија, тоа е прилично розево, но тоа не се должи на употреба на прехрамбени бои. Руби чоколадата се произведува од Руби зрна какао , кои содржат такви пигменти.

Вкусот му е доста овошен и малку киселкаст. „Бери Калебаут”, компанија со седиште во Цирих, која поминала 13 години развивајќи го ова ново чоколадо, за медиумите го опишува како “интензивно сетилно задоволство”, додавајќи дека тоа е “комбинација на овошкаст вкус и сочна текстура што се топи во уста”.

 

Четвртиот вид на чоколадо беше претставен пред светот на ексклузивен настан во Шангај, а во јануари годинава Нестле Јапонија го промовира своето прво Кит Кат Руби чоколадо кое е достапно за јавноста.

Во моментов, составот на чоколадото останува мистерија. Темното чоколадо има  високо количество на какао, ниско на млеко; белото чоколадо е спротивно, а млечната чоколада е некаде помеѓу. Каде точно Руби чоколадата се наоѓа во овој спектар? Дали навистина е направено само од зрната, како што некои тврдеа? Ќе дознаеме наскоро.

Едно нешто е јасно во овој момент – оваа естетски пријатна чоколада изгледа навистина интересно, да се надеваме дека колку што задоволува на очи ќе задоволува и на вкус!