Ротари Клуб донира ВАУРОН прочистувачи за воздух во градинките во Центар

Во рамките на проектот на Ротари Клуб Скопје Камен Мост за намалување на изложеноста на децата на загаден воздух и отровните честички што истиот ги содржи, донирани се 12 уреди за прочистување на воздухот во просториите на градинката “13 Ноември“ – Скопје кои се дел од асортиманот на произведувачот на прочистувачите за воздух, ВАУРОН

Image result for vauron air purifier

Патрониот празник на градинката и денот на град Скопје, симболично се избрани за почеток на иницијативата за справување со загадениот воздух и овозможување на прочистен воздух во просториите каде нашите најмали ги поминуваат своите детски денови.

Загаденоста на воздухот со “PM” честичи претставува сериозна закана за сите кои што се изложени на него, а најопасен е за децата на кои респираторните органи им се се уште во развој. Наша цел е подобрување на амбиенталниот воздух што го дишат дечињата за време на нивниот престој во градинката. Планот е оваа иницијатива да продолжи и во останатите градинки во општината, за што е веќе спремна и следната донација, а потенцијално со помош на општините и градот Скопје, и на територија на целиот главен град – изјави Иван Новаковски, претседател на Ротари Клуб Скопје Камен Мост.

Според последните статистики, Скопје е на трето место во Европа на листата на градови со најзагаден воздух во Европа.

Во периоди со висок степен на загаденост на воздухот во Скопје, луѓето, а особено децата, треба да престојуваат во затворени простории во кои воздухот ќе биде прочистен со помош на ефикасни уреди за прочистување на истиот.

Покрај преземањето на разни мерки за справување со овој проблем, најважно е да се едуцираат децата уште од најмала возраст за проблематиката со загаденоста на воздухот во нашата држава, и како можеме сите ние индивидуално и групно да придонесеме.

Проектот е реализиран од Ротари Клубот Скопје – Камен Мост, во соработка со произведувачот на прочистувачите за воздух, ВАУРОН.

Членовите на Ротари Клубот Скопје – Камен Мост Скопје, како дел од Ротари движењето во Македонија, волонтираат со своето време, енергија и ресурси, со цел да помогнат на тие на кои помошта им е најпотребна. Активностите на клубот се насочени кон најмладите членови на нашата заедница, со посебен фокус на образовниот систем.