Роналдо сепак е пред храбриот Еибар!

Роналдо сепак е пред храбриот Еибар!

Еибар уште еднаш докажа дека може да биде многу незгоден противник за било кој тим на домашниот стадион „Ипуруа“, а иако заслужи бод во мечот со големиот Реал Мадрид, на крајот сепак остана со празни раце поради ефикасноста на Кристијано Роналдо.

Португалецот ја направи главната разлика на теренот, обезбедувајќи му нова победа на „кралскиот клуб“ во натпревар кој се играше рамноправно на двете страни и на кој најреално ќе беше да се поделат бодовите. Сепак, така не размислуваше Роналдо кој го искористи одличниот центаршут на Карвахал во 84-та минута, а претходно беше стрелец и во првиот дел за водство од 1:0.

Израмнувачкиот гол за Еибар го постигна Рамис, а овој фудбалер не можеше да го доигра мечот поради повреда на коленото.