Роналдо се враќа во Португалскиот национален тим

Роналдо се враќа во Португалскиот национален тим

Кристијано Роналдо, ќе ја предводи својата репрезентација на почетокот на квалификацискиот циклус за пласман на ЕВРО 2020. Роналдо се враќа во националниот тим по неиграњето во Лигата на нации.

Кристијано Роналдо ќе ја предводи Португалија на натпреварите против Украина и Србија на 22 и 25 март. Двете средби Португалците ќе ги одиграат на домашен терен.

На списокот на селекторот Фернандо Сантош има 25 фудбалери, а дебитанти се Диего Соуза од Брага и тинејџерот Жоао Феликс од Бенфика.