Роналдо пред суспензија од УЕФА!?

Роналдо пред суспензија од УЕФА!?

Италијанскиот медиум Газета дело спорт денеска изнесе информација дека УЕФА можеби ќе разгледува опција за казна на Кристијано Роналдо.

Тоа се должи на гестот кој Португалецот го упати не кон Симеоне, туку кон гостинските навивачи од Мадрид.

Симеоне беше казнет со 20.000 евра и јавна опомена дека тоа не смее да се повтори, но сега Газета стравува дека УЕФА ќе отвори случај и Роналдо може да биде казнет со еден натпревар суспензија.

Се уште нема ништо официјално, но сигурно дека за Јувентус би била ужасна вест доколку Португалецот биде суспендиран на еден натпревар во четвртфиналето во ЛШ.