Роналдо и понатаму пати за Ирина Шајк

Роналдо и понатаму пати за Ирина Шајк

Кристијано Роналдо се уште жали за Ирина Шајк, потврдуваат пријатели на фудбалерот.

Кристијано и Ирина својата врска ја започнаа уште во 2010 година, но таа одлучила таа врска да ја завршат пред три години. Пријател на Португалецот наведува дека причина за нивниот развод е што Ирина сакала дете, а Роналдо тогаш се противел на тоа затоа што веќе имаше син и беше фокусиран само на фудбалот.

И Роналдо и Ирина после прекинот на врската продолжија понатаму со своите живот. Роналдо започна нова врска со шпанската манекенка Георгина Родригез уште во 2016 година, додека Ирина својата среќа ја пронајде покрај актерот Бредли Купер, со кој ја доби и ќерката Леа де Сеине минатата година.

„Роналдо се уште е заинтересиран за Ирина. Тој жали поради начинот на кој тие ја завршија врската и се уште покажува одреден интерес за нејзиниот живот“, вели пријателот на Роналдо, кој потоа ја откри и причината поради која славниот пар ја прекина врската.

„Ирина сакаше дете, но Роналдо веќе имаше син и беше фокусиран само на фудбалот. Мислев дека таа никогаш нема да го напушти, но сега е љубоморен на нејзината врска со Бредли Купер“, завршува пријателот.

Family mood ❤️❤️❤️❤️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Исто како и Ирина, Роналдо ја доби ќерката Алана Мартина минатата година, а тоа е четврто дете на одличниот фудбалер. Алана им се придружи на Кристијано јуниор и близнаците Ева и Матео. Иако веќе има четири деца, Роналдо тука не планира да застане.

„Сакам да имам седум деца, исто колку што ќе имам и златни топки“, самоуверено изјави Роналдо пред неколку месеци.

❤️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on