Роналдо побара поддршка од своите навивачи

Роналдо побара поддршка од своите навивачи

Фудбалерите на Јувентус претрпеа пораз на првиот осмина-финален натпревар против Атлетико Мадрид, па утре во Торино ќе мора да надоместат 2 гола заостаток.

Јувентус на првиот натпревар во Мадрид загуби со 2:0, па избраниците на Алегри ќе мора да го дадат својот максимум доколку сакаат да се пласираат меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.

Во вторник ќе ни бидете потребни. Треба да не поддржите и да мислите позитивно. Јас верувам дека можеме да успееме, на домашен терен сме силни, но ќе имаме потреба од навивачите – изјави Кристијано Роналдо и додаде:

Се надевам дека навивачите ќе ни помогнат и на крајот тоа ќе биде наша специјална вечер. Ние ќе ја завршиме работата, ќе се обидеме да постигнеме погодоци и да се пласираме во четврт-финалето – изјави Кристијано Роналдо.