Роналдо по се изгледа нема да игра против Ајакс

Роналдо по се изгледа нема да игра против Ајакс

Пристигна уште една потврда дека повредата која што Кристијано Роналдо ја заработи на мечот помеѓу Португалија и Србија не е наивна.

Откако вчера за медиумите говореше првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, денес лошите вести ги потврди и тренерот Масимилијано Алегри.

Ќе има дополнителни прегледи во понеделеник, но се поверојатно е дека тешко ќе игра против Ајакс. Тој и самиот знае дека нема да го вметнам во составот доколку не е сто отсто спремен. Не сакам да ја ставам целата сезона во опасност, поради еден натпревар – изјави Алегри.

Старата дама првиот 1/4 финален меч против Ајакс го игра на 10. април во Амстердам.