Роналдо направи спектакл, а Сити го понижи Шалке во Манчестер

Роналдо направи спектакл, а Сити го понижи Шалке во Манчестер

Кристијано Роналдо со години наназад е нерешлива енигма за одбраната на Атлетико Мадрид, а доказ за тоа добивме и оваа вечер во која се чинеше дека гостите од шпанската престолнина имаат голема предност во реванш осминафиналето.

Атлетико го стартуваше мечот во Торино со предност од 2:0 по првиот меч, но сето тоа пропадна во вода откако светската спортска јавност одново беше сведок на една брилијантна партија на незадржливиот Роналдо. Кристијано со својот четврти хет-трик во кариерата против Атлетико успеа да ја „убие“ својата омилена жртва, па така сега број вкупно 25 гола во директните пресметки со тимот од „Ванда Метрополитано“. Се започна со голот во првото полувреме по одличната асистенција на Бернардески, а продолжи во вториот дел во кој Јувентус имаше само една цел, а тоа е комплетно неутрализирање на негативата од Мадрид. Вториот гол пристигна на стартот на продолжението и истиот беше признат благодарение на видео технологијата, а одлучувачкиот момент пристигна во самата завршница кога феноменалниот Бернардески се избори за пенал. Изведувач на истиот секако беше Роналдо, па покрај тоа што успеа да го комплетира хет-трикот, автоматски му донесе и пласман на Јуве во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Атлетико вечерва не беше ниту бледа сенка од тимот кој доминираше на првиот меч, па на крајот сосема заслужено доби нокаут од италијанскиот првак. На вториот меч кој се одигра оваа вечер немаше никваква неизвесно, па така Сити со неверојатни 7:0 го декласираше ужасниот Шалке.

https://hofoot.videostreamlet.net/embed/M9l6tdUlur