Роналдињо ќе прави венчавка со две жени во исто време

Роналдињо ќе прави венчавка со две жени во исто време

Фудбалската ѕвезда Роналдињо ќе прави венчавка со две жени во исто време, а нивниот план е да изградат хармоничен однос во иднина, но еговото семејство и многубројни обожаватели ја оспоруваат оваа врска.

38 годишната ѕвезда Роналдињо од месец декември живее со две вереници, Присила Коељо и Беатриз Суза во неговата луксузна вила во Рио де Жанеиро, а во план е да го направи големиот чекор – и двете да ги ожени во август.

Роналдињо ќе направи венчавка со двете партнерки на приватна церемонија, пренесуваат бразилските медиуми, а оваа вест буквално го шокираше целиот свет, неговите пријатели и семејството.

Бигамијата е илегална во Бразил, а поради непочитување на законот може да добие 6 години затвор, така што ова може да биде само церемонија со две жени, но не може да се регистрира како два официјални бракови.

Поранешната ѕвезда на Барселона започна да се забавува со Беатриз во 2016 година, но паралелно ја продолжил романсата и со Присила со која е заедно неколку години.

Како што пренесува “Дејли Меил” и двете одбранички на Роналдињо добиваат месечно по 1.500 долари за да ги трошат на што и да сакаат. Фудбалерот неодамна изјавил дека и на двете им подарува идентични подароци, вклучувајќи ист парфем кога патуваат во странство.

И двете ги запросил во јануари минатата година и им дал ист веренички прстени. Сестрата на легендарниот фудбалер, Дејзи се изјасна дека е против полигамијата и кажа дека нема да присуствува на венчавката.

Futevôlei com meu parceiro @andersonaguia ??⚽

A post shared by Ronaldo de Assis Moreira (@ronaldinho) on

Иако Роналдињно никогаш официјално не ги потврди врските со двете жени, неговите пријатели кажуваат дека редовно излегува со нив на разни настани.