Ромелу Лукаку се поблиску до трансфер во Интер?

Ромелу Лукаку се поблиску до трансфер во Интер?

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед отпатуваа за Норвешка каде ги очекува пријателски меч против Кристианштад.

Црвените ѓаволи влегуваат во финалните подготовки за новата сезона, а тренерот Оле Гунар Солскјер ќе одигра пријателски меч во својата родна држава.

Експедицијата на Јунајтед отпатува утрово, а во конкуренција за овој меч ќе бидат 26 фудбалери. Но она што привлече внимание кај англиската јавност е тоа што помеѓу патниците го нема Ромелу Лукаку.

Белгиецот кој е на мета на Интер, веќе извесно време преговара за трансфер во Италја, па очигледно работата е готова и Лукаку е пред преселба кај нераѕурите.