Рома е заинтересирана за Македонскиот репрезентативец Адеми!

Рома е заинтересирана за Македонскиот репрезентативец Адеми!

Медиумите во Италија пренесуваат дека гигантот Рома е заинтересиран во своите редови да го донесе македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми.

Наводно челниците на Римската Волчица го идентификувале Адеми како идеална замена за легендарниот Даниеле Де Роси кој се мачи со повреди, а веројатно ова ќе биде негова последна сезона како професионален фудбалер.

Во Рома размислувале и за други опции освен Адеми, но цената на нашиот интернационалец која изнесува околу шест милиони евра била пресудна италијанскиот клуб да го насочи вниманието кон него.

Познато е дека Динамо Загреб минатото лето одби понуда од 6.5 милиони евра од Лил за услугите на Адеми, а оваа зима лично од играчот беше одбиена понудата од Ал Итихад.

Сепак, интересот на гигант како Рома ќе го натера македонскиот репрезентативец добро да размисли и веројатно ќе побара од Модрите да биде пуштен за цена помала од таа што ја нудеше Лил пред само шест месеци.