Рохо ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед на уште 3 години

Рохо ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед на уште 3 години

Маркос Рохо ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед на уште три години.

Оваа вест ја потврдија од таборот на Црвените Ѓаволи на официјалната интернет страница на клубот.

Задоволство ни е да објавиме дека Маркос Рохо го продолжи договорот до 2021-ва година со опција на дополнително продлжување за уште една сезона – соопштија од клубот.

Пресреќен сум што останувам во голем клуб како Манчестер. Кога пристигнав, целта ми беше да освојувам титули, а тоа го успеавме во изминатите сезони. Им благодарам на тимот и на навивачите за поддршката – изјави Маркос Рохо.