Родителите на Цеца и замеруваат само една работа

Родителите на Цеца и замеруваат само една работа

Цеца често говори дека ова што е денес им го должи на своите родители Мира и Слободан Величковиќ.

За нејзината кариера сонуваат многумина, а пејачката често им се заблагодарува јавно на своите родители кои и даваат поддршка, љубов и воспитување низ сиве овие години.

Цеца во една прилика откри и дека нејзините родители никогаш нема да и опростат една работа.

„Единствено на што ми замеруваат е тоа што немам завршено факултет и тоа остана до ден денес. Можам да нанижам било какви музички успеси, но они пак ќе речат: „Да, но можеше да имаш диплома“, призна Цеца.