Роберто Стелоне нов тренер на Палермо!

Роберто Стелоне нов тренер на Палермо!

Палермо во последните четири кола, во Серија Б, ќе влезе со нов тренер од како контроверзниот претседател на Палермо, Маурицио Ѕампарини, реши да му врачи отказ на тренерот Бруно Тедино.

Палермо, вчера, го загуби натпреварот во Венеција со 3:0 и остана на второто место на табелата со 63 бода. киксот на Палермо, денес, не успеа да го искористи Парма која претрпе минимален пораз од Про Верчели.

Во последните четири кола Палермо и Парма влегуваат со по 63 бода и заедно со Фросиноне, Венеција и Бари ќе се борат за второто место кое носи директен пласман во Серија А. Првото место во Серија Б уште пред две кола го обезбеди Емполи.

Во финишот на сезоната, екипата чии дрес го носат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски ќе ја предводи Роберто Стелоне.

Стелоне на клупата на Палермо ќе дебитира в понеделник во дербито против Бари.