Роберто Мартинез го изостави Наинголан од списокот за СП

Роберто Мартинез го изостави Наинголан од списокот за СП

Роберто Мартинез одлучи денес да повика 28 играчи, а до 4-ти јуни мора во ФИФА да го достави конечниот список со 24 играчи.

Големо изненадување е тоа што на списокот на Мартинез го нема фудбалерот на Рома, Раџа Наинголан кој откако не беше повикан, набрзо се откажа од националниот дрес на Белгија.

Подготовките ги започнуваме со 28 играчи за на сите да им дадеме шанса. Во репрезентацијата има различни нивоа на замор, во зависност од тоа кој и колку играл во последно време – изјави Роберто Мартинез и додаде:

Знаеме дека Наинголан има многу важна улога во својот клуб, но не можеме да му дадеме никаква улога во нашата екипа. Тој е врвен играч, а причината е тактичка. Во последните две години тимот работеше на посебен начин. Останатите играчи ги имаа тие улоги – изјави Роберто Мартинез.