Роберт Де Ниро се разведува по 21 година брак

Роберт Де Ниро се разведува по 21 година брак

Роберт Де Ниро и Грејс Хајтауер се разведуваат по 21 година во брак.

Според релевантни странски медиуми, 75-годишниот актер и 63-годишната актерка и пејачка веќе извесно време се разделени и не живеат повеќе заедно.

„Понекогаш нештата не функционираат онака како што сакаш или се надеваш“ – изјавил анонимен извор за People.

Роберт и Грејс се венчаа во 1997 година и заедно имаат две деца. Нивниот син Елиор се роди во 1998 година, а една година подоцна парот објави дека се разделува, но нивниот развод никогаш не беше финализиран. Тие успеаја да ја зачуваат својата врска и ги обновија брачните завети во 2004 година. Нивната ќерка Хелен Грес се роди во 2011 година.

Де Ниро има четири други деца од претходни врски.