Робен и Рибери повторно ќе го носат дресот на Баерн

Робен и Рибери повторно ќе го носат дресот на Баерн

Аријен Робен и Франк Рибери ќе го носат дресот на Баерн и во наредната сезона, пишуваат германските медуми.

Договорите на Робен и Рибери имаат важност до крајот на сезоната, според истите извори, преговорите биле успешни и тие двајца ќе бидат жители на Минхен и наредната сезона.

Кикер прв објави дека потпишувањето на новите едногодишни договори ќе биде само формалност, а клубот во наредните денови треба и официјално да објави дека Рибери и Робен ќе останат во Минхен.

Знаеме дека двајцата се одлични фудбалери. Со нив во изминатата деценија постигнавме бројни успеси. Клубот ги цени и ги почитува нив двајца – рекол првиот човек на клубот Карл-Хајнц Румениге.

Рибери е играч на Баерн од 2007, а Робен од 2009 година.