Рита Ора во врска со Ендрју Гарфилд

Рита Ора во врска со Ендрју Гарфилд

Откако ја раскина свршувачката со Ендрју Ват, па се раширија гласините дека се забавува со манекенот Ејал Букер, сега странските медиуми пишуваат дека пејачката Рита Ора е во врска со актерот познат по улогата на „Спајдермен“, Ендрју Гарфилд.

„Рита се довери на пријателите за новата романса пред околу еден месец. Се уште се во рана фаза, но си се допаѓаат еден на друг и оставаат да видат како ќе им оди. Нивните работни агенди ги отежнуваат нештата, но остварија вистинска конекција“, вели извор за The Sun.