Рита Ора во новата рекламна кампања на Ескада

Рита Ора во новата рекламна кампања на Ескада

Пејачката Рита Ора стана заштитно лице на новата кампања – Ескада пролет / лето 2019 година.

Фотографирана од Крег Мекдина, русокосата пејачка позираше во шарена гардероба со многу елегантни детали. Стилистот Џејмс Кеј vo центар на вниманието ги стави костумите, смелите дизајни и стејтмент чантите. И покрај тоа што се појави во рекламната кампања, Рита Ора ја редизајнираше познатата торба на Ескада “Heart” во жива црвена варијанта.