Рита Ора повторно сингл!?

Рита Ора повторно сингл!?

 Рита Ора се разделила со Ендрју Гарфилд.

Ова го раскажа за “Мирор” и вели дека падот на нивната врска доаѓа откако тој побарал повеќе слободно време за себе.

И покрај тоа што таа била со актерот само четири месеци, таа споделила со своите пријатели дека очекувала работите меѓу нив да станат посериозни.

“Нејзината кариера оди многу добро и живее во центарот на вниманието. Но, тој и ‘рекол дека сака да води повеќе затскриен живот “, коментира извор близок на пејачката.

Отпрвин, Рита Ора и Ендрју Гарфилд ја криеа врската од медиумите и не објавуваа заеднички фотографии на социјалните мрежи.