Рита Ора: “Јас сум горда Албанка!”

Рита Ора: “Јас сум горда Албанка!”

И покрај многуте осуди поради настапот по повод 10 години од независноста на Косово, сепак Рита Ора е горда албанка која одржа спектакуларен концерт на плоштадот во Приштина во секси комбинезон велејќи: “Многу ми е драго што сум повторно тука”.

“Ми кажаа дека околу 300.000 луѓе дошле на мојот концерт. Верувајте ми дека во моментот не постои друго место на кое би била. Ви го честитам денот на независноста. Јас сум горда албанка”, напишала Рита Ора на својот Инстаграм профил.

Заедно со својот британски бенд подготвија музички спектакл за присутните, додека во попладневните часови се сретнла со премиерот Рамуш Харадинај на кого му зе заблагодарила за можноста да настапува пред домашната публика. Рита Ора исто така имаше можност да се дружи и со своите фанови.