Riley Touchscreen Smartwatch влегува на пазарот на паметните часовници

Riley Touchscreen Smartwatch влегува на пазарот на паметните часовници

Марк Џејкобс го претстави својот прв Wear OS паметен часовник, а сигурни сме дека љубителите на модата и технологијата ќе бидат задоволни со неговиот дизајн.

За разлика од коцкестиот дизајн на часовникот на Apple, Марк Џејкобс го претстави Riley Touchscreen кој има традиционално заоблено куќиште и дисплеј со AMOLED екран од 1.19 инчи. Овој уред поседува Qualcomm Snapdragon Wear 2100, а рам и интерната меморија засега не се откриени. Знаеме дека траењето на батеријата на овој модел може да издржи 24 часа, а она што е посебно добро е фактот дека тој може да се полни и бежично. Како што е случај со другите паметни модели на часовници, тој може да ги следи Вашите повици, пораки и други известувања.

Марк Џејкобс само што го претстави својот прв Wear OS паметен часовник, а сигурни сме дека љубителите на модата и технологијата ќе бидат задоволни со неговиот дизајн. За разлика од коцкестиот дизајн на часовникот на Apple, Марк Џејкобс го претстави Riley Touchscreen кој има традиционално заоблено куќиште и дисплеј со AMOLED екран од 1.19 инчи.

Во понудата има три видови на часовници, односно целосно црн часовник, златен со бело ремче и розова златна боја со сиво ремче. Сите три ремчиња се направени од силикон, така што не се подеднакво привлечени како своите луксузни соперници кои доаѓаат со ремчиња од кожа.