Рики Мартин со сопругот добија ќеркичка

Рики Мартин со сопругот добија ќеркичка

Рики Мартин се израдува на најубавиот новогодишен подарок. 47-годишниот пејач и неговиот сопруг Џуан Јосеф добија ќеркичка.

Убавата вест ја споделија среќните родители на Instagram. „Пресреќни сме што објавуваме дека станавме родители на прекрасно и здраво девојче, Луција Мартин-Јосеф. Ова е специјален момент за нас и едвај чекаме да видиме каде ќе нè одведе ова ѕвездено бебенце. Двајцата нејзини прекрасни браќа и јас и Џуан се заљубивме во Луција“ – стои во описот на фотографијата од бебенцето кое ги држи за прсти своите татковци.

View this post on Instagram

🇪🇸Nos emociona anunciar que nos hemos convertido en padres de una hermosa y saludable niña a la que hemos llamado Lucía Martin-Yosef. Esto ha sido sin duda un cumpleaños y celebración de la Navidad única en nuestras vidas. Tanto sus hermanos como Jwan y yo estamos completamente enamorados de nuestra beba y agradecidos de poder comenzar este 2019 con el mejor regalo que podíamos recibir, el regalo de la vida. 🇬🇧 We are beyond happy to announce that we have become parents to a beautiful and healthy baby girl, Lucia Martin-Yosef. It has been a special time for us and we cant wait to see where this stellar baby will take us. Both her beautiful brothers and me and Jwan have fallen in love with Lucia ❤

A post shared by Ricky (@ricky_martin) on

Рики и Џуан открија дека се верија во ноември 2016 година, а тајно стапија во брак пред една година.Популарниот латино пејач има и 10-годишни близначиња, Матео и Валентино.