Ријана има ново момче

Ријана има ново момче

Само една недела откако раскина со Хасан Џамел, со кого беше во врска три години, странските таблоиди јавуваат дека Ријана има ново момче.

Таа е видена со познатиот рапер A$AП Роки, а извори тврдат дека една ноќ поминале заедно во хотелска соба во Њујорк.

Ријана уште не се огласи во врска со веста која одекна во јавноста, но тоа и не е невообичаено, бидејќи пејачката не сака нејзиниот приватен живот да се експонира во медиумите.

Ријана веќе се појавуваше во спотот на A$AП Роки „Fashion Killa“, а со него се познава од 2013 година.

Роки бил во љубовна врска со многу познати ѕвезди, меѓу кои и Кајли Џенер, Рита Ора и Иги Азалеја и секако со Кендал Џенер, поради која се скара со Кајли и направи „неред“ во семејството Кардашијан.