Ријана е гостинка на свадбата на Хари и Меган

Ријана е гостинка на свадбата на Хари и Меган

Ријана е една од гостинките на претстојната свадба на принцот Хари и Меган Маркл. На церемонијата што ќе се одржи следната сабота, луѓе од светската политичка елита не се поканети.

Наместо тоа, на свадбата на брачната двојка во замокот Виндзор ќе бидат присутни нивни пријатели, како и обични Британци. Тие се повикани да не носат подароци, туку да направат донации за добротворни организации избрани од парот.

Но, овој повик не ја спречи Ријана, и таа е уверена дека го нашла совршениот подарок за големиот ден. Пејачката објави дека планира да им даде еротска долна облека на Хари и Меган од нејзината серија „Savage X Fenty“.

„Треба да бидете екстремни, кога ќе пронајдеш подарок што е истовремени и за маж, и за жена – и тие треба да имаат корист од него“, објаснува таа.

Ѕвездата избра модел од нејзината свадбена линија што Меган треба да ги облече веднаш по церемонијата: „Тоа е одлично за оваа пригода, но сепак во првата брачна ноќ, можете да правите што сакате. Тоа зависи колку диви сакате да бидете“.

Не можеме да негираме дека нејзиниот подарок е оригинален. Едвај некој друг би се осмелил да даде еротска долна облека на кралска свадба.