Ричард Гир по трет пат на „лудиот камен“ со 34 години помладата свршеничка

Ричард Гир по трет пат на „лудиот камен“ со 34 години помладата свршеничка

Глумецот Ричард Гир (69) и новинарката Алехандра Силва (35) во врска се четири години,а се запознале во луксузниот италијански хотел кој таа го купила со својот бивш сопруг. Парот испланирал мала венчавка за следниот месец, 5. мај, во Вашингтон.


„Бев малку изгубена, без светло и запознавањето со него даде смисла на мојот живот. Чувствував како некој да ми пружа рака и ми го покажува вистинскиот пат“, рекла свршеницата на глумецот.

За свршувачката на Гир и Силва се дознало минатата година, во ноември кога новинарката е видена со нов дијамантски прстен. Алехандра е ќерка на бизнисменот и бивш потпретседател на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид, Игнацио Силва.Глумецот новинарката ја запознал додека се разведувала од сопругот, геологот Говиндо Фридленд (43), син на американскиот рударски магнат Роберт Фридленд. Силва со Говинд го има синот Алберто (6).

Весникот „АБЦ“ ја открил врската на Гир и новинарката во април 2015. година, но нивните пријатели тогаш рекле дека со месеци успешно се криеле од јавноста.

Двојката често заедно оди на хуманитарни забави во Шпанија, кои се организират за помош на бездомниците и настојуваат да ги подобрат условите за лекување на тешко болните деца кои ги посетуваат.Силва повеќето време го минува во Мадрид каде има вила во која живее со синот, но оддалеченоста неа и на Гир, кој живее во Њујорк, не им претставувала никаков проблем.„Во стварниот живот тој е мој вистински херој.Бев малку изгубена, без светло и запознавањето со него даде смисла на мојот живот. Чувствував како некој да ми пружа рака и ми го покажува вистинскиот пат“ ја коментирала својата врска со глумецот, своевремено, Алехандра за магазинот „Хола“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Гир бил четири години во брак со супермоделот Синди Крафорд (52), а втора сопруга му била глумицата Кери Ловел (57) од која се развел во 2016. година и го имаат синот Хомер Џејмс Џејми (18).

About last night, thank you @ysacristan @albertopinteno #harpersbazaar por este reconocimiento, me hace mucha ilusión que os suméis a la familia de @raisfundacion , sigamos luchando para que en 5 años no haya nadie durmiendo en la calle. También quería agradecer a esa persona que me da fuerzas con su apoyo, ejemplo, presencia, sin ti no hubiese sido posible. I’m so grateful for this recognition, welcome #harpersbazaar to our family @raisfundacion , let’s keep working to archive that in 5 years nobody will be sleeping in the street. I also wanted to thank that person who gives me strength, with his support, example, and commitment without you it would not have been possible.♥️ #solidarity #award #raisfundacion #specialmoments #sinhogarismo #homelessness #alejandrasilva #richardgere #hogarsi

A post shared by Alejandra Silva (@alejandra_silva__) on