Рибар нашол порака во шише

Рибар нашол порака во шише

Палестинскиот рибар Џихад ал-Солтан беше доста изненаден кога во морето забележа порака во шише во близина на плажата во близина на Газа.

Шишето со порака го преминало патот во Средоземното Море долг околу 800 километри, и отпловило од плажата во Родос од младата британска двојка која била таму во јули.

„Во моментов сме на одмор на Родос и би сакале да знаеме до каде ќе стигне ова шише. Ве молиме, информирајте не, дури и ако пристигне само на соседната плажа”- се вели во пораката потпишана од Зак и Бет.

Одговарајќи на адресата на е-маилот наведена во пораката, Солтан откри дека пораката во шишето била испратена од Бета Рајт и нејзиното момче, Зак Маринер.

Солтан рече дека е многу изненаден кога сфатил дека шишето е во состојба да ги пречекори сите препреки во Медитеранот, со оглед на израелската поморска блокада и ограничувањата за риболов, кои Израелците ги воведоа со цел да го спречат шверцот на оружје од Хамас.

„За разлика од нас рибарите кои не можат да отпловит повеќе од 10 километри од брегот, ова шише успеа да ги премине меѓународните води и премин преку бројни граници. Се надевам дека еден ден ќе бидеме исто толку слободни” – рече тој.