Revalid® ја промовираше новата револуционерна линија на производи против опаѓање на коса во Македонија

Revalid® ја промовираше новата револуционерна линија на производи против опаѓање на коса во Македонија

Доктори, еминентни и познати личности беа дел од големата промоција на новата револуционерна линија на производи за коса на Revalid® Swiss Hair Care во Македонија. Производите се наменети за спречување опаѓање на косата и стимулирање на раст на косата на швајцарскиот бренд Revalid®.

„Чест ни е и задоволство во Македонија да ја промовираме линијата на Revalid® Swiss Hair Care за нега на коса, поточно серумот за раст на коса и шампонот за стимулација на раст за коса. Токму овие два производи се револуционерни и се достапни за секого, по пристапни цени кои може да се купат во аптеките низ државата.  Интересен факт е дека овие производи содржат иновативна и патентирана состојка Redensyl®, која го обновува растот на косата,  го намалува губењето и ја зголемува густината на косата за 8%, што одговара на 28.000 нови влакна по 3 месечна редовна употреба“ велат од тимот на Revalid® Hair Care Македонија.

Првиот дел од настанот докторите ги едуцираше меѓународниот експерт, доцент доктор Жана Казанджиева, од клиниката за кожни и венерични болести УМБАЛ Александровска од Софија на тема Швајцарско решение против опаѓање на косата. Свое обраќање имаа директорот на Ewopharma AG Претставништво Скопје, Ацо Степаноски, за 60 години постоење на компанијата и бренд менаџерот, Верица Ристовска која говореше за 25 години од брендот Revalid®.

„Во одредена мера опаѓањето на косата е дел од природниот процес на стареење: 40 отсто од мажите ќе имаат видливо опаѓање до 35-тата година, додека 50 до 70 проценти од жените ќе страдаат од некаква форма на опаѓање на косата до својата 65 година. Затоа потребата од користење на овие производи е неминовна. Тие ја содржат состојката Redensyl®, која е патентирана, активна состојка од областа на регенеративнито медицинско истражување. Научно е докажано дека Redensyl® го стимулира растот на косата, истовремено намалувајќи го губењето на истата. Клиничка студија докажала дека Redensyl® има насочен ефект врз матичните клетки на фоликулот на влакното кои се извор на нова коса“ додаваат од компанијата.

Revalid® е бренд основан во 1992 година во Швајцарија специјално создаден да обезбеди холистички решенија за нега на коса и против опаѓање на коса. Долгогодишната работа на брендот Revalid® се базира на научни истражувања, иновации, висок степен на експертиза и, се разбира, традиција. Сите производи се дерматолошки тестирани и произведени во Швајцарија.