РЕЦЕПТ: Home-made протеински барови со чоколадо и путер од кикирики!

РЕЦЕПТ: Home-made протеински барови со чоколадо и путер од кикирики!

Овие протеински барови кои може да ги приготвите сами дома имаат совршен вкус; исто како да го јадете вашиот омилен десерт – само без вината која ја чувствувате од кога ќе го изедете! Главните состојки на овој рецепт е путер од кикирики и whey протеин од чоколадо.

СОСТОЈКИ:

  • 2 дози Whey протеин со вкус на чоколадо
  • 3 лажички путер од кикирики
  • 130 грама овесни снегулки
  • 5 белки
  • 3 банани со средна големина
  • 150 ml нискомаслено млеко
  • 1 лажичка цимет
  • 2 големи лажици мед

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ:

Загрејте ja рерната на 350°.

Ставете го овесот во блендер и блендирајте го додека не ставе во форма на прав. Потоа, во длабок сад ставете го овесот и додадете го циметот и Whey протеинот од чоколадо. Следно, додадете го и путерот од кикирики и мешајте додека го правите тоа.

Изгмечете ги бананите и додајте ги во оваа смеса заедно со белките и медот. Продолжете да мешате добро. На крај, додадете го млекото и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Нанесете ја смесата на 9×9 или 9×13 намачкана тава. Исто така може да користите и тава со паргамент хартија (попозната како хартија за готвење/печење).

Печете 15 до 20 минути. Потоа извадете ги и оставете ги баровите да се оладат и пресечете ги на 6 рамномерни барови. Исто така може да ги пресечете и на 8 делови ако преферирате понискокалорични барови.

Ако користите 9×9 тава, баровите може да бидат погусти. Времењето на готвење може да варира.

НУТРИТИВЕН СОСТАВ:

По порција:

  • Калории – 374 kcal
  • Протеини – 23,5 грама
  • Јагленохидрати – 42 грама
  • Масти – 8 грама