Renault го претстави новото Clio

Renault го претстави новото Clio

„Renault“ ја претстави петтата генерација на хечбекот „Clio“. Моделот премина на нова платформа, стана повеќе простран и доби дигитален Инструмент панел со голем вертикален екран на мултимедијалниот систем.

Димензиите на „Clio“ се должина од 4.048 mm, ширина од 1.798 mm и височина од 1.440 mm. Така, новиот хечбек е 14 mm пократок, 67 mm потесен и 8 mm понизок од неговиот претходник. Волуменот на багажникот е зголемен од 300 на 391 литри, а во возилото има додатоци со вкупен волумен од 26 литри за различни предмети.

„Renault“ тврди дека и покрај сличниот дизајн со старата генерација, новиот „Clio“ има сосема поинаква каросерија. Коефициентот на аеродинамичен отпор е 0,64, што е еден од најдобрите показатели во оваа класа.

Моделот ќе се нуди со избор од 8 варијанти на распоред на кабината и 8 бои на осветлување, а исто така со мултимедијален систем со 9,3-инчен екран и 10-инчен електронски Инструмент панел (тој е за најскапото ниво на опрема за остатанатите е 7-инчен). Исто така, ќе има и безжичен систем за полнење за паметни телефони.

Спортската линија „GT Line“ отпадна од понудата, а на нејзино место е верзијата „RS Line“. Таа доби поагресивна аеродинамика, 17-инчни тркала и друг ентериер. Во гамата е вклучена луксузната „Paris Initiale Paris“ со богата опрема и кожна кабина.

Хечбекот е изграден на модуларната платформа C„MF-B“, која е во основата на „Nissan Juke“, како и на новите „Dacia Duster“, „Logan“, „Sandero“. Официјалната информација за мотори недостасува, но се очекува во неа да влезат бензински мотори со зафатнина 1,0 литар – атмосферски со моќност од 65 и 75 КС, како и со турбо со 100 и 130 КС. Исто така, ќе има 1.5-литарски дизел мотори со 85 и 115 КС.

Во 2020-та година ќе се појави и хибриден агрегат, во чија основа ќе биде бензински турбомотор со 90 КС, на кој ќе му помага електричен мотор со 40 КС. Премиерата на моделот ќе биде на саемот за автомобили во Женева во март.