Рекордна продажба на Huawei, за 5 месеци продале 10 милиони Р20 Pro и Р20 паметни телефони

Рекордна продажба на Huawei, за 5 месеци продале 10 милиони Р20 Pro и Р20 паметни телефони

Паметните телефони на Huawei оствариле одлични резултати на клучните пазари во Кина и западна Европа.

Од кинеската компанија се пофалија дека во првите 5 месеци од лансирањето се продадени над 10 милиони примероци на Huawei Р20 Pro и Huawei Р20 ширум светот.

Најновата врвна линија на паметни телефони на Huawei оствари одлични продажни резултати на пазарот во Кина и западна Европа каде што имаат остварено значително подобри резултати од претходните модели на компанијата.

„Не охрабрува одличниот одзив на корисниците ширум светот на нашите најнови телефони. Надминувајќи ја бројката од 10 милиони продадени примероци ја поставивме скалата многу високо, а тоа не охрабрува да продолжиме да го работиме тоа што го знаеме најдобро – да развиваме револуционерни иновации кои што потоа ги ставаме во рацете на нашите корисници“, изјави Кевин Хо, претседател на Handset Business одделот при Huawei Consumer Business групацијата.

Huawei Р20 Pro и P20 се модели кои што постигнаа одлични резултати на DxOMark, стандард на пазарот кога се во прашање квалитетот на камерите и леќите на еден уред.

Моделот P20 Pro и денес е на врвот на ранг-листата на DxOMark. Камерите на овој телефон се развиени во соработка со Leica и опремени со вештачка интелигенција за фотографија со професионален квалитет кај еден паметен телефон.