Реклама за Божиќ која ќе ве исполни со емоции

Божиќната реклама на Erste Group ќе ви разбуди позитивни чувства и ќе ви ја покаже моќта на љубовта.

Видеото „Како би изгледал Божиќ без љубов?“ раскажува приказна за тажен еж кој е отфрлен од своите врсници. Но, на Божиќ добива слатко изненадување.

„Ова е приказна за моќта на љубовта, за верувањето во себе и во добрината на другите. Без разлика колку несовладлива ви изгледа една пречка, љубовта секогаш ќе го пронајде својот пат“ – пишува во описот.