Рејчел и Даниел повторно планираат проширување на семејството

Рејчел и Даниел повторно планираат проширување на семејството

Актерскиот пар Рејчел Вајс и Даниел Крег пред неколку месеци го добија своето прво дете.

Тие почнале да излегуваат во декември, 2010-та година, после долгогодишното пријателство, а тајната венчавка била одржана во 2011-та година во Њујорк.

На венчавката имало само 4 гости – кумовите и нивните деца од пропаднатите врски, односно бракови. Имено, актерката со поранешниот партнер, режисерот Дарен Аронофски, има 12-годишен син, Хенри, додека Даниел со неговата поранешна сопруга, Фиона Лудон, има 26-годишна ќерка Ела.

Рејчел, во септември, 2018-та година, на 49 години роди ќерка, своето прво дете со Даниел, а неодамна ги отфрлила сите гласини дека парот планира уште едно дете.

„Кога го родив син ми, бев уверена дека ќе имам уште најмалку две деца. Но сега, откако ја родив ќерка ми во овие години, знам дека повеќе нема да имам деца. Ја преминав границата што се однесува на годините за планирање на проширување на семејството.“

Новиот член на семејството го нарекла чудо и открила дека е свесна дека имала среќа со бременоста во доцните 40-ти години.