Реал постави цена за Варан и Бејл!

Реал постави цена за Варан и Бејл!

Реал Мадрид има исклучително лоша сезона и со нетрпение чека истата да заврши за да може да се фокусира на предизвиците што следуваат во следната кампања.

Сосема очекувано по една ваква лоша епизода следат големи промени во составот, па сите со нетрпение ги очекуваат одлуките на Зинедин Зидан.

Меѓутоа и покрај тоа што нема ништо официјално низ медиумите се вртат одредени вести околку можните засилувања и заминувања, но денеска „АС“ кој секогаш има добри и проверени информации кога е во прашање Реал излезе со текстови за двајца играчи Рафаел Варан и Герет Бејл.

Французинот и Велшанецот се поврзуваа со заминување, а тоа Реал е подготвен да им го овозможи ама под свои услови.

Појасна е сликата со Варан за кого Реал не сака да проговара или да се откаже од неговите услуги, односно дефанзивецот може да го напушти „Сантијаго Беранабеу“ под само еден услов-некој клуб да ја активира откупната клаузула од 500 милиони евра.

Ова носи една друга ситуација, па Рафаел во иднина може да потпише нов подобрен договор со шпанскиот гигант.

Од друга страна пак Реал сака да се ослoбоди од Варан, меѓутоа за ептен „солена сума“. Имено Флорентино Перез за него сака да добие 130 милиини евра, сума која тешко дека некој клуб би ја издвои со оглед на настапите на напаѓачот.

Ако на ова се додаде и неговата огромна годишна плата, тогаш јасно е дека Реал ќе мора да попушти без разлика на тоа што тие се обидуваат да ја искористат ситуацијата на трансфер пазарот, односно сумите исплатени во последните години за Нејмар (222), Мбапе (180), Кутињо(160), Дембеле (120)…

Ова секако е почетна позиција на тимот од шпанската престолнина, па останува да видиме дали ќе има заинтересирани екипи за Бејл на 227 натпревари во сегашната средина има постигнато 102 погодоци.